Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна

Дирекцијата за заштита и спасување денес во Битола, над старата касарна откри и отстрани 1.700 рачни бомби и тромблонски мини од Првата светска војна.
Бомбите се откриени на иста локација, кога пролетоска беше откриен арсенал од неексплодирани бомби, во близина на населено место на овој дел од градот, информираа од ДСЗ.
-Се отстранува голема опасност за куќите кои се наоѓаат на 200 метри воздушна линија од местото со бомби. Ископувањата продолжуваат понатаму, а се очекува да се пронајдат уште повеќе од 1.000 вакви бомби, но и други видови на неексплодирани убојни средства. Во акцијата освен пиротехничарот од Битола, Ѓорги Стефанов, поради недостиг на стручни кадри во ДЗС му помагаат и тројца пензионирани припадници од МВР. Двајцата од нив се поранешни припадници на специјалната единица „Тигри“ и еден пензиониран припадник од Отсекот за антитероризам при МВР, тројцата ангажирани со договор на дело - истакна Стојанче Ангелов, директор на ДСЗ.
Во изјава за медиумите, Ангелов апелираше сите граѓани доколку наидат на предмети кои наликуваат на бомба, граната или било каков проектил веднаш да се јават на бројот 112 за стручни лица да го подигнат убојното средство.
МИА
Ново на Сител
-

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа - МВР апелира граѓаните да не веруваат во брза заработка преку интернет
-

Македонските кик-боксери се подготвуваат за Европското првенство во Скопје
-

Холивуд има тајна стара 75 години: Истиот крик се слуша во над 400 филмови, серии и видеоигри
-

Јапонски научници открија начин да ги натераат канцерогените клетки сами да се уништат
-

Хакери украле 6,3 милијарди долари од Binance – најголемиот криптограбеж во историјата
-

Почина легендарниот актер сер Патрик Стјуарт
-

Трговијата и индустријата го движат бизнисот: Над 2,2 билиони денари промет оствариле компаниите во Македонија во 2025 година
-

Коалицијата на Нетанјаху победи на изборите во Израел, но без мнозинство во Кнесетот
