Во Црна Гора уапсен ирански хакер, кој ги оштетил САД за 3,4 милијарди долари

Во акција на црногорската полиција и американското Федерално истражно биро (ФБИ) вчера во Котор е уапсен припадник на Иранската револуционерна гарда Амир Барати, обвинет од САД за хакерски напади со кои е оштетена американската инфраструктура за 3,4 милијарди долари.
Приведениот 39-годишен Барати е државјанин на Турција и на Иран, против кого во Високиот суд во Њујорк се води кривичната постапка поради кибер и организиран криминал.
Во соопштението на црногорската полиција се наведува дека Барати е обвинет за заговор, компјутерска измама и хакирање и кражба на идентитети.
Барати од 2013 година, како соработник на правно лице од Иран, извршил масовни хакерски напади повеќе од 150 универзитети во САД, предизвикувајќи штета проценета на повеќе од 3,4 милијарди американски долари. Украдените податоци ги користела Иранската револуционерна гарда.
Тој вчера беше изведен пред истражниот судија на Вишиот суд во Подгорица и ќе биде екстрадиран во САД.
Ново на Сител
-

УХМР најавува невреме: Пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Зголемена фреквенција на патиштата, околу еден час чекање на Табановце и Богородица
-

Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село се прошири во шумскиот појас
-

Бројот на загинатите во земјотресот во Колумбија достигна 254
-

Почнува полагањето матура во августовскиот испитен рок
-

Федерална судијка ја прошири на цела територија на САД забраната за уредбата на Трамп за гласање по пошта
