Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа

На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, минатата година на свет дошле 148 бебиња, што е за 28 бебиња помалку споредено со претходната година.
- Од вкупниот број 132 се во Општина Дебар, наспроти 153 претходната година. Гледано по населено место 117 се во градот, шест во село Џепиште и девет во селата Могорче, Долно и Горно Косоврасти. Во Општина Центар Жупа се 16 новороденчиња или седум помалку споредено со 2023 година, информираа за МИА од Општата болница со проширена дејност во Дебар.
Како и изминатите години повеќе од мајките своите рожби на свет ги донеле во гинеколошките одделенија во општите болници во Охрид и Струга, како и во здравствени установи во Скопје, Тетово и други градови во државава.
Во гинеколошкото одделение во нашата болница, која со својата активност ги покрива двете општини, лани има само шест новороденчиња, што е за едно повеќе од 2023 и 12 бебиња помалку, споредено со 2022 година, додаваат од болницата.
Намалувањето на наталитетот се должи на масовното иселување на младата популација во земјите на Европската Унија и во Соединетите Американски Држави. Тука секако е и определбата на семејствата да имаат две, најмногу до три деца, наспроти некогаш кога едно семејство имало и по четири, пет и повеќе деца.
МИА
Ново на Сител
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
-

Од компликација од грип почина 62-годишен маж
-

Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
-

Град Скопје блокираше 18 илјади сметки за неплатен данок на имот
-

Кривична за 46-годишник од Гостивар, преку коментари на социјалните мрежи ширел омраза
