Македонија
5. February 2026 - 15:03

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа

На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, минатата година на свет дошле 148 бебиња, што е за 28 бебиња помалку споредено со претходната година.

- Од вкупниот број 132 се во Општина Дебар, наспроти 153 претходната година. Гледано по населено место 117 се во градот, шест во село Џепиште и девет во селата Могорче, Долно и Горно Косоврасти.  Во Општина Центар Жупа се 16 новороденчиња или седум помалку споредено со 2023 година, информираа за МИА од Општата болница со проширена дејност во Дебар.

Како и изминатите години повеќе од мајките своите рожби на свет ги донеле во гинеколошките одделенија во општите болници во Охрид и Струга, како и во здравствени установи во Скопје, Тетово и други градови во државава.

Во гинеколошкото одделение во нашата болница, која со својата активност ги покрива двете општини, лани има само шест новороденчиња, што е за едно повеќе од 2023 и 12 бебиња помалку, споредено со 2022 година, додаваат од болницата.

Намалувањето на наталитетот се должи на масовното иселување на младата популација во земјите на Европската Унија и во Соединетите Американски Држави. Тука секако е и определбата на семејствата да имаат две, најмногу до три деца, наспроти некогаш кога едно семејство имало и по четири, пет и повеќе деца. 

 

МИА