Loading Video...
Фудбал
1. April 2022 - 13:58

Во Доха попладнево ќе бидат извлечени групите за СП во Катар

Во Доха, Катар, попладнево (18 часот) ќе се одржи ждрепката за Светското фудбалско првенство што за прв пат во историјата ќе се одржува во зимскиот период. Иако остануваат уште три празни места на Мундијалот во Катар кои треба да се пополнат со бараж дуелите сепак попладнево ќе се одржи  ждребката за СП. 
 
Досега се пласираа 29 селекции на Мундијалот, додека преостанатите три учесници ќе бидат познати по интерконтиненталните бараж дуели.
 
Во првиот шешир за ждрепката покрај домаќинот КАТАР кои ќе настапува во првата група, се и топ седумте селекции од најновата ФИФА ранг листа: 
БРАЗИЛ, БЕЛГИЈА, ФРАНЦИЈА, АРГЕНТИНА, АНГЛИЈА, ШПАНИЈА, ПОРТУГАЛИЈА.
 
МЕКСИКО, САД, ХОЛАНДИЈА, ДАНСКА, ГЕРМАНИЈА, УРУГВАЈ, ШВАЈЦАРИЈ и ХРВАТСКА ќе бидат извлечени од втор шешир, додека во трет шешир се: СЕНЕГАЛ, ИРАН, ЈАПОНИЈА, МАРОКО, СРБИЈА, ПОЛСКА, КОРЕЈА, ТУНИС.
 
Во последниот четврти шешир, ждрепката ја дочекаат: КАНАДА, КАМЕРУН, ЕКВАДОР, САУДИСКА АРАБИЈА и ГАНА, како и трите селекциите кои преку баражите ќе обезбедат пласман на првенството. 
 
За трите слободни места ќе се борат.
 
Од европските квалификации се очекува епилогот околу дуелот меѓу Шкотска и Украина, чиј исход пак го чека селекцијата на Велс која се избори за финалето.

Од интерконтиненталните бараж дуели познато е дека Костарика ќе игра против Нов Зеланд, додека Перу го чека победникот од дуелот меѓу   Австралија и Обединетите Арапски Емирати.