-->
-->
Во ДР Конго потврдени 344 случаи на ебола, 60 пациенти починаа
-->

Светската здравствена организација денеска соопшти дека во Демократска Република Конго се потврдени 344 случаи на ебола, а 60 пациенти починале од болеста.
Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус, на прес-конференција изјави дека одговорот на епидемијата сè уште доцни, но дека здравствените служби „под водство на владата на ДР Конго, ја стасуваат“ епидемијата.
Епидемијата на ебола од Конго се прошири во соседна Уганда, а Министерството за здравство на земјата соопшти дека во Уганда до вчера биле потврдени 15 случаи на ебола.
Според податоците на Министерството за здравство на Уганда, од избувнувањето на епидемијата на ебола во земјата починал еден пациент.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
-

Нова спортска сала во Карпош
-

Прилеп има градинка, но нема негувателки
-

Штип ги стипендира најуспешните млади ученици спортисти
-

Охрид и Струга со потенцијал за конгресен туризам
-

Преглед на вестите од светот
