Свет
25. August 2025 - 8:34

Во Еквадор запленет експлозивен материјал наменет за терористички акти во Колумбија

Еквадорската полиција денеска објави дека запленила поголема пратка експлозиви што биле во транзит од Перу за Колумбија, а кои требало да се користат за извршување „терористички акти“.

Полицијата за време на погранична операција запленила 3.750 кутии експлозиви и 25.000 метри детонаторска жица, што доведе до апсење на двајца Еквадорци.

Операцијата доаѓа по нападот со камион-бомба во југозападна Колумбија во четвртокот, во кој загинаа шест лица.

 

МИА