Преглед на вестите од светот
Пет новинари и медиумски работници се убиени во денешениот напад на изарелксата армија врз болницата Насер во Појасот Газа. Тие работеле за Ал Џезира, Ројтерс и Асошејтед прес. Вкупно 20 лица беа убиено во наапдот врз болницата Насер , соопштија палестинските здравствени власти.
Израелската армија соопшти дека инцоднетот ќе биде истражен . Порано денес, израелската армија изврши напад во областа на болницата Насер во Кан Јунис. Началникот на Генералштабот нареди што е можно поскоро да се спроведе прелиминарна истрага. Армијата жали за секоја штета предизвикана на неинволвирани лица и дека не ги таргетирала новинарите , се вели во соопштението на армијата. Повеќе од 190 новинари и медиумски работници се убиени со Појасот Газа од почетокот на војната со Израел во октомври 2023 година, според Комитетер за заштита на новинарите со седиште во Њујорк.
Од синока Националната гарда на Соединетите држави почна со оружје да патролира по улиците на Вашингтотн. Од 7 авгсут во главниот град на САД се распоредени повеке од 2200 војници како од дел од операцијатаа против криминалот што ја почна претседателот Доналд Трамп.
Војниците ќе користат сила само како последно средствто и само како одговор на непосредна закана по животот изјави министерот за одбрана Пит Хегсет. ССпоред федераните власти, операцијата резултрирала со апсење на 550 лица од нејзниот почеток на 7 август. Трамп најави дека ќе распореди трупи и во Њујорк и Чикаго.
Тајфунот Каџиќи стигна до копното во Виетнам Донесе ветрови со брзина од 118 до 133 километри на час и обилни врнежи од дожд во крајбрежните провинции. На речиси 600 000 луѓе им беше наредено да ги напуштат своте домови. Тајфунот, собори дрвја, поплави домови и патишта и уништи рибарски фарми. Во провинцијата Ха Тин во прекин е напојувањето со електрична енергија.
Тајфунот Каџики, претходно помина покрај кинескиот остров Хаинан и донесе обилни дождови и силни ветрови во јужна Кина.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар