Во Европа раст на цената на гасот за повеќе од 20 отсто

Цената на гасот во Европа денеска се зголеми за 20 проценти поради американско-израелскиот напад врз Иран и нарушувањето на транзитот преку Ормуски Теснец.
На холандската дигитална берза ТТФ еден мегават-час гас за испорака во април изнесуваше утрово се тргуваше за 39,84 евра и беше за 24,6 отсто поскап отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела.
Тоа е највисока цена за гасот од 14 февруари минатата година.
Сообраќајот на танкери низ Ормуски Теснец речиси е запрен, иако Иран официјално не го затворил. Осигурителните компании денеска соопштија дека нема да го покриваат превозот во поширокиот регион на Персиски Залив.
Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) во 2024 година, преку Ормутски Теснец поминуваат 20 милиони барели нафта дневно и околу една петтина од испораките на течен гас, главно од Катар.
Во меѓувреме, ЕУ го суспендираше увозот на руски гас преку гасоводите и планира да го запре и снабдувањето со течен природен гас (ЛНГ). Во моментов, ЕУ купува гас главно од САД, Катар и Норвешка.
МИА
Ново на Сител
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
