Македонија
24. October 2026 - 13:48

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато

На 23.10.2026 во 20:20 часот во с.Калиште, гостиварско, на местото викано „Гури соколеци“, полициски службеници од Полициското одделение Галате ги лишиле од слобода Н.С.(63) од с.Џепчиште, М.Д.(55) од с.Челопек, З.М.(72) и Н.К.(78) од с.Врапчиште.

Тие биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато, при што кај нив биле пронајдени и одземени метален детектор, лопати, копачи и други предмети.

Тие се сомничат дека со тоа сториле кривично дело по член 264 од Кривичниот законик - „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или природни реткости“.

Сите се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок, соопштува МВР.