Во грчкиот град Катерини уапсен македонски државјанин за извршено убиство во земјава пред 28 години
Македонски државјанин, осуден на 15-годишна затворска казна за извршено убиство во земјава во ноември 1997 година, а по кој имало распишана европска потерница, уапсен е во грчкиот град Катерини, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации станува збор за 60-годишен државјанин на Северна Македонија, кој веројатно по убиството побегнал во странство и живеел во Бугарија и Турција.
Согласно судските документи од нашата земја, кривичното дело било извршено во ноември 1997 година, а жртва бил 37-годишен македонски државјанин.
Сторителот тогаш, наводно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од возилото го нападнал со оружје.
За убиството, една година подоцна бил осуден на 15 години затвор.
АНА-МПА пишува дека уапсениот ќе биде изведен пред обвинител во Солун за да се започне постапката по барањето за негова екстрадиција во земјава.
Ново на Сител
-
За околу два часа распродадени картите за концертот на Металика во Атина
-
Трибина за Оперативниот план 2025: Младите да останат во земјава, луѓето во социјален ризик економски да се осамостојат
-
Турските власти издадоа налози за апсење на 47 опозициски функционери, досега приведени 28
-
Отворен нов спортско-рекреативен центар во 11 Октомври – Бараки
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради ревијална трка
-
ОЈО: Градоначалничката како службено лице да ги посочи парцелите за коишто се сомнева дека има незаконитости
-
Трибина во врска со Оперативниот план 2025 „Визија за промена“
-
Станков: Добрата одлука почнува со точна статистичка анализа, затоа е важно користење на официјалните статистички податоци