Во грчкиот град Катерини уапсен македонски државјанин за извршено убиство во земјава пред 28 години

Македонски државјанин, осуден на 15-годишна затворска казна за извршено убиство во земјава во ноември 1997 година, а по кој имало распишана европска потерница, уапсен е во грчкиот град Катерини, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации станува збор за 60-годишен државјанин на Северна Македонија, кој веројатно по убиството побегнал во странство и живеел во Бугарија и Турција.
Согласно судските документи од нашата земја, кривичното дело било извршено во ноември 1997 година, а жртва бил 37-годишен македонски државјанин.
Сторителот тогаш, наводно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од возилото го нападнал со оружје.
За убиството, една година подоцна бил осуден на 15 години затвор.
АНА-МПА пишува дека уапсениот ќе биде изведен пред обвинител во Солун за да се започне постапката по барањето за негова екстрадиција во земјава.
Ново на Сител
-

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри
-

Свечен прием за шампионите: Студенти на ФФОСЗ со светски и балкански медали во кик-бокс
-

Обвинение за поранешниот директор на „Комунална хигиена“ поради преполните контејнери во главниот град
-

Интер Мајами го продолжи договорот со Суарез
-

Удока казнет со 25.000 долари за критикување на судиите
-

СП2026: ФИФА воведе дополнителна категорија влезници за најверните навивачи
-

Манчестер сити преку Брентфорд до полуфиналето на англискиот Лига куп
-

Виртус ја прекина серијата на Партизан
