Во грчкиот град Катерини уапсен македонски државјанин за извршено убиство во земјава пред 28 години

Македонски државјанин, осуден на 15-годишна затворска казна за извршено убиство во земјава во ноември 1997 година, а по кој имало распишана европска потерница, уапсен е во грчкиот град Катерини, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации станува збор за 60-годишен државјанин на Северна Македонија, кој веројатно по убиството побегнал во странство и живеел во Бугарија и Турција.
Согласно судските документи од нашата земја, кривичното дело било извршено во ноември 1997 година, а жртва бил 37-годишен македонски државјанин.
Сторителот тогаш, наводно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од возилото го нападнал со оружје.
За убиството, една година подоцна бил осуден на 15 години затвор.
АНА-МПА пишува дека уапсениот ќе биде изведен пред обвинител во Солун за да се започне постапката по барањето за негова екстрадиција во земјава.
Ново на Сител
-

Нормализиран сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум
-

Обвинителството бара постапка против пет малолетници за насилство во училишен двор во Сарај
-

Орбан: Обидот за преземање на замрзнатите руски средства е објава на војна
-

Одбележана 10-годишнина од воведувањето на македонскиот јазик во училиштата во Лесковац
-

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово
-

Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента
-

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени
-

АХВ спречи увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак.
