Во ИЈЗ воведена втора смена на микробиолошката лабораторија и други новини во интерес на граѓаните
Министерот за здравство Азир Алиу денеска имал работна средба со директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, со раководители на оддели и вработени, на која, како што информира Министерството, била „презентирана успешната работа на раководството на ИЈЗ, актуелните проекти и идни планови“.
-Институтот за јавно здравје е една од најважните институции во државата, ќе се фокусираме на дигитална платформа за систематизирање на податоците, секој податок и документ кој ќе произлезе од оваа институција ќе се преточи во конкретен акциски план. Благодарение на успешното менаџирање и домаќинска работа, нивото на ИЈЗ е значително подигнато и иницирани се новитети за раст и развој на установата, посочи министерот Алиу на средбата.
Директорката Марија Андоновска ги презентираше конкретните активности, кои се реализирани во изминатиот период, како што се воведување втора смена на микробиолошка лабораторија, со што ИЈЗ е единствена микробиолошка лабораторија во којашто граѓаните можат да добијат здравствена услуга и после работното време, соопшти Министерството за здравство.
Според Алиу, „доколку барем една препорака од Институтот во минатото била имплементирана, сега ИЈЗ ќе беше на многу повисоко ниво“.
-Во изминатата година успеавме да ставиме во функција затекната опрема којашто била купена скапо, но не се употребувала повеќе години, воведни две телефонски линии за директен контакт со граѓаните „Инфо бебе“ и „Не пуши - откажи се“, промотивни и едукативни материјали од ИЈЗ адаптирани со Брајова азбука, континуирана едукација на вработените, реновирани простории за подобри услови, како за пациентите, така и за вработените.
Преку амбициозен и развоен план ИЈЗ продолжува со воведување новини во работењето и унапредување на капацитетите, со цел квалитетни и подостапни услуги за граѓаните, како и дополнителен раст и развој на установата, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-
Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто