-->
-->
Во Италија уапсена 103-годишна сообраќајна прекршителка
-->

Италијанската полиција уапси 103-годишна жена која како учесник во сообраќајот ги прекршила правилата. Станува збор за пензионерка, родена во 1920 година, која немала ниту возачка дозвола ниту осигурување за во случај на сообраќајна незгода, јави ДПА.
Жената била запрена среде ноќ поради пребрзо возење во градот Бондено, Северна Италија. Им кажала на полицајците дека се упатила кај пријатели надвор од градот. Таа потврдила дека пред две години ѝ истекла возачката дозвола и не ја обновила.
Поради сторените прекршоци, возилото ѝ е одземено, а повозрасната жена е однесена со полициско возило до нејзиниот дом.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
