Македонија
27. November 2026 - 13:57

Во изминатото деноноќие приведени осум возачи, седуммина управувале возило без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 22-годишната Б.И. и С.С.(20) двајцата од Скопје, М.К.(36) од с.Кучевиште, скопско и 16-годишник од с.Горно Количани, Општина Студеничани, Д.С. (18) од с.Крклино, битолско, Н.К.(44) од Радовиш и 41-годишната В.С. од Прилеп.

Додека, пак, Д.П.(38) од с.Негрево, пехчевско, управувал патничко возило под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопштува МВР.