Во јануари 256 одобренија за градење, пад од 19,2 проценти на годишно ниво

Во јануари годинава издадени се 256 одобренија за градење, што е за 19,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најмногу одобренија за градење, 160, се издадени за високоградба, а за изградба предвидени се вкупно 618 станови, од кои во Скопскиот Регион, 288, во Југозападниот, 173, Полошкиот, 59,...
Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 64, по што следуваат Југоисточниот, 50, Скопскиот, 34, Пелагонискиот 31,....
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 325 219 000 денари, што е за 25,1 процент помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 160 (62,5 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 31 (12,1 проценти) од нискоградба и 65 (25,4 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 256 објекти, на 155 (60,5 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 101 (39,5 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.
- Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови со вкупна корисна површина од 54 359 квадратни метри - се вели во извештајот на ДЗС.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
