Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“

Во Основниот Кривичен суд денеска треба да биде објавена пресудата за случајот „Геријатрија“ во кој Мухсин Арифи - поранешен директор на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина и Блерим Амити - вработен во клиниката се товарат за примање поткуп и награда за противзаконито влијание.
Според обвинителниот акт, Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од полицијата.
Обвинетите на почетокот од судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.
Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
