Loading Video...
Фудбал
24. October 2022 - 12:06

Во „луда“ завршница Бока Јуниорс ја освои шампионската титула

Големи возбудувања донесоа двата натпревари од последното коло во аргентинскиот шампионат кои директно влијаеа на исходот, односно освојување на титулата. 
 
На легендарниот стадион „Ла Бомбониера“ екипата на Бока Јуниорс одигра нерешено со Индепендиенте. Иако домаќините имаа негатива од 0-1, но во продолжението  постигнаа два гола, за сепак на осум минути пред крајот гостите стигнаа до израмнување 2-2. 
 
Таквиот резултат можеше да му ја донесе титулата на тимот на Расинг кој само 5.километри подалеку исто така играше на домашен терен против Ривер Плата. 
 
Но. Расин не само што испушти почетна предност, туку и во 89-минута Галван не реализира пенал за победа, а на спротивната страна Борха постигна гол за триумф на гостите со 2-1.
 
Така Ривер Плата екипа која важи за најголем ривал на Бока Јуниорс им направи голема услуга на сино-жолтите кои со два бода повеќе од Расинг завршија на 1.место на табелата и ја освоија 53-тата титула шампион на Аргентина.