Во Македонија има околу 100 пациенти со рак на белите дробови кои се потенцијални кандидати за кубанската вакцина
Во Македонија има околу 100 пациенти со рак на белите дробови потенцијални кандидати за кубанската вакцина. Во зависност колкава количина ќе биде донирана лекари од Клиниката за Онкологија ќе посочат на кого најмногу може да помогне овој лек. Како што Сител вчера објави Агенцијата за лекови и министерството за здравство преговараат со производителот, и идната недела ќе се знае колку болни ќе ја добијат вакцината. Неофицијално првите количини треба да бидат донесени во земјава до крајот на годината. Во соседна Србија тераписката вакцина почна да се применува пред 5 дена. Таму Куба донираше 1680 дози за 30 пациенти. Постапката на лекување лично ја надгледува докторот кој ја создал вакцината.
-Истражувањето опфати околу 5000 пациенти во Куба. Кога почнавме да ја применуваме вакцината пациентите ги поделивме во две групи, оние кои ги исполнуваат критериумите и оние кои не одговараат. Кај пациентите кои имаа вишок ЕГФ молекул во крвта, што во Куба беа половина пациенти кои претходно биле на хемотерапија, кај тие пациенти студијата покажа дека животот им е продолжен за 5 години, изјави д-р Педро Камило Родригес, создавач на кубанската вакцина.
Вакицината сеуште клинички се испитува. Лекувањето е доброволно, а пациентите треба да потпишат писмена согласност. Се препорачува за болни од рак на белите дробови во 3 и 4 стадиум, односно во напредна фаза од болеста за која нема друга алтернативна терапија.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
