Во Македонија има поголем удел на странски студенти отколку во ЕУ, секој десетти студент е странец

Речиси секој десетти студент во Македонија е од странство, покажуваат најновите податоци на Евростат за 2024 година.
Од вкупно 58.334 студенти во земјата, 5.807 се странски државјани, што претставува речиси 10 проценти од студентската популација.
Според податоците, уделот на странски студенти во Македонија е над просекот на Европската Унија, каде што во 2024 година студентите од странство сочинувале 8,7 проценти од вкупниот број студенти.
На ниво на ЕУ, лани на високообразовните институции студирале 1,65 милион странски студенти.
Од нив, речиси 514.590 доаѓале од други земји членки на Унијата, а 1,14 милион биле од земји надвор од ЕУ.
Бројот на студенти од странство на универзитетите во ЕУ расте секоја година уште од 2016 година (1,2 милион) кога почнало прибирањето на овие податоци, при што во 2023 година надминал 1,5 милион.
Во периодот помеѓу 2023 и 2024 година забележан е дополнителен пораст од 4,0 %, покажуваат податоците на Евростат.

Германија останува најатрактивна дестинација за странските студенти со 438.260 запишани пред Франција со 284.865 и Холандија со 176.470.
Овие три земји заедно привлекуваат повеќе од половина или 54,5 % од сите странски студенти во ЕУ.
Според уделот на странски студенти, води Луксембург, каде што тие сочинуваат 51,5 процент од вкупниот број студенти.
Следуваат Малта со 35,6 проценти, Кипар со 21,6 и Австрија со 20,8 проценти. Најнизок удел бележат Грција со 2,6 проценти, Хрватска со 3,5 и Шпанија со 4,6 проценти.
Европската Унија ја смета студентската мобилност за еден од клучните приоритети во образовната политика.
Во рамките на Европскиот образовен простор, целта е до 2030 година најмалку 23 проценти од дипломираните студенти да стекнат искуство со студирање или учење во странство, а секоја година во ЕУ да се запишуваат најмалку 350.000 студенти од земји надвор од Унијата.
МИА
Ново на Сител
-

Ќерката на Јованов за „Пулс“: Имаше панични светла и противпожарни апарати, сите ја користеа задната врата
-

АНБ разоткри терористичка мрежа: Се подготвувал атентат во Грција по инструкции од Иран
-

Костадиновски: Почитувањето на Уставот е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината
-

МВР: Од 15 ноември до 15 март задолжително е поседувањето на зимска опрема во возилата
-

Се урна српски воен авион МиГ-29, загина пилотот | ВИДЕО
-

Предложен притвор за семејно насилство во Битола
-

Најстудено утрово во Берово, најтопло во Охрид и Велес
-

Корабоски доби 30-дневен притвор по проширување на обвинението
