Во меѓународна акција на Европол уапсени 354 лица поврзани со продажба на нелегална стока на „дарк веб“

Во меѓународна полициска акција координирана од Европол, уапсени се 354 лица кои продавале или купувале нелегална стока преку „дарк веб“, а биле запленети повеќе од 210 милиони евра во готовина и криптовалути.
Како што соопшти Европол, во акцијата под кодно име „ТорНадо“ спроведена од мај 2025 до октомври 2026 година, биле вклучени полициски и други надлежни служби од 14 држави, при што биле извршени претреси на стотици објекти ширум светот.
Најголем број лица биле уапсени во САД – 132, 59 во Обединетото Кралство, во Унгарија 45 и 41 во Германија.
Во Словенија биле уапсени 11 лица.
Осомничените биле идентификувании откако биле затворени пет големи пазари на „дарк веб“.
Акцијата била насочена кон продавачи и купувачи кои користеле интернет-форуми, онлајн продавници на индивидуални продавачи и шифрирани сервиси за размена на пораки.
Во европските земји биле запленети вкупно 950 килограми дрога, меѓу кои амфетамини, кетамин, МДМА, канабис и кокаин.
Запленети биле и повеќе од милион таблети и лекови што се издаваат на рецепт, 57 парчиња огнено оружје и муниција, како и повеќе од 60 милиони евра во готовина и криптовалути.
Во САД биле запленети повеќе од 4,8 тони дрога, 152 парчиња огнено оружје и повеќе од 150 милиони евра во готовина и криптовалути.
МИА
Ново на Сител
-

Неуспешен тест на „СпејсЕкс“ со ракетата „Старшип“, првиот сегмент на ракетата заврши во морето
-

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
-

Николоски: Делницата Извор-Врбјани наскоро во функција, автопатот Кичево-Охрид до мај целосно завршен
-

Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата
-

Куба се подготвува за можна воена агресија, изјави претседателот Дијаз-Канел
-

САД ја укинаа забраната за летови, се очекуваат доцнења
-

Трамп ќе се сретне со Путин и Шји следната седмица, потврди Белата куќа
-

„Мајкрософт“: Обновени услугите на „Тимс“, „Аутлук“ и „Копилот“ по глобалниот прекин
