Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE

Федералната судијка од Минесота, Кетрин Менендез, ќе одржи рочиште во 10 часот по локално време за тужбата со која се бара прекин на операцијата „Metro Surge“, зголеменото присуство на федерални агенти за имиграција (ICE) во урбаните средини.
Менендез изјави дека сака да ги чуе двете страни пред да донесе одлука за барањето, објави Си-Ен-Ен.
Тужбата, поднесена од државата Минесота и градовите Минеаполис и Сент Пол, тврди дека агресивното зголемување на бројот на федерални службеници за имиграција во државата е „мотивирано од ништо повеќе од желбата на администрацијата на Трамп да ги казни политичките противници и да освои партиски поени, директно на штета на жителите на тужителите“.
Во одговорот на администрацијата на Трамп се наведува дека тужбата „нема ни трошка правна основа“ и дека претседателот има широки овластувања да го спроведува федералниот закон за имиграција.
Тужителите бараат од судот да го намали бројот на службеници и агенти распоредени во Минесота на нивоа што постоеле пред почетокот на операцијата „Metro Surge“.
Тие исто така бараат од судијата да воведе повеќе ограничувања за федералните службеници кои остануваат во државата, вклучително и забрана за прикривање на нивниот идентитет со носење маски и забрана за приближување кон осомничените исклучиво врз основа на „раса, етничка припадност, акцент или близина до претежно имигрантски бизниси или културни центри“.
Во посебна тужба поднесена од група демонстранти, судијата Менендез, номиниран од поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, потпиша привремена забрана со која им се забранува на федералните службеници да се одмаздуваат против мирните демонстранти.
Ново на Сител
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
-

СДСМ нема да ги гласа измените на Законот за прекршоци за Сејф сити
