Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот
Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска со отворање на изложбата од Јад Вашем – Израел, насловена „Аушвиц - место на Земјата: Албум со фотографии од Аушвиц“, која претставува единствена визуелна документација за страдањата на Евреите депортирани во Биркенау, е одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот.
МНР одбележување Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот 1
Како што објави на неговиот Фејсбук профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, тој во неговото обраќање ја истакнал важноста од паметењето на трагичните настани од Холокаустот и оддадов почит на жртвите, особено на македонските Евреи кои во 1943 година беа депортирани во Треблинка.
МНР одбележување Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот 2
- Нагласив дека, како полноправна членка на ИХРА, нашата држава останува посветена на борбата против антисемитизмот и искривувањето на историските факти. Верувам дека преку доследна едукација на младите генерации ќе можеме да спречиме антисемитски акти и омраза во сите нивни форми. Овој ден е потсетник на нашата должност да се спротивставиме на предрасудите и омразата, но и можност да го потврдиме нашиот заеднички ангажман во зачувувањето на вредностите како плурализмот, разновидноста и слободата. Се надевам дека преку вакви активности ќе продолжиме да го негуваме сеќавањето и да го пренесуваме значењето на оваа трагедија на идните генерации, напиша Муцунски на фејсбук.
Ново на Сител
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник