Во Охрид акција за донирање компјутери за онлајн настава
Културолошката иницијатива „5до12“ покрена акција за донирање функционални употребливи компјутери, лаптопи, таблети, кои потоа ќе бидат дадени на ученици кои немаат услови за нормално следење на онлајн настав за различен степен на образование. Интересот е огромен велат организаторите, а целта е да се соберат што е можно повеќе уреди и да се донираат на оние семејства на кои им се најпотребни.
Цветкоски од иницијативата „5 до 12“ вели дека во тек се преговори со поголемите копмании кои ќе може да донираат или да се направи замена за старите со нови електронски уреди.
Онлајн наставата која настана поради пандемијата со Ковид-19 отвори и нови потреби. Но не секој може да си дозволи да им обезбеди компјутер на своите деца, оваа акција која ќе трае еден месец се организира во соработка со Црвениот крст и училиштата .
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
