Македонија
22. March 2020 - 19:42

Во Охрид стотина граѓани побарале помош од мобилните тимови, поради препораките да останат дома

100 тина граѓани од кои 55 лица од социјален ризик за само една недела во време кога важат препораките да се остане дома побарале помош од мобилните тимови. Волонтерите од Црвениот крст и вработени во општинската администрација потпомогнати и од планинарската спасителна служба поделени во три екипи со полни раце работа ги опслужуваат оние на кои им е најпотребна помош.

Тие веднаш по пристигнувањата на  барањата на телефонските линии ги подготвуваат потребните производи и се упатуваат  до нивната дестинација.

Надлежните апелираат до граѓаните да покажат највисоко ниво на јавна свест, да ги почитуваат сите препораки за заштита од Корона вирусот Ковид 19 и покрај поволните временски услови да останат во своите домови.