Во охридските средни училишта ќе се воведуваат нови стручни профили
Се зголемува бројот на паралелки во дуалното образование во охридските средни стручни училишта. Интересот за запишување кај учениците од година во година е се поголем, а училишните центри се трудат да креираат програми и да воведуваат нови профили на струки во тек со технолошкиот развој.
Од оваа година во средните стручни училишта се воведе и Координатор за учење преку работа согласно измените на Законот за средно образование а се црпат и искуства од странство.
Од општина Охрид, велат дека вложувањето во младите е вложување во иднината на градот.
Инаку, во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ осум години се спроведува дуалното образование. Од почетоците во 2018 година кога биле запишани 17 ученици, денес дуалните паралелки бројат 585 ученици во сите струки и профили.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
