Во општина Аеродром најмногу случаи на голема кашлица
Се разгорува ли заразата со голема кашлица во државата? Досега потврдени 11 случаи од кои само во последните денови петрусис е дијагностициран кај 4 случаи. Меѓу нив е бебе старо 6 недели кое е хоспитализирано на Клиниката за детски болести и е изолирано од останатите пациенти.
- На клиниката е хоспитализирано едно и пол месечно машко доенче, во петокот е потврдено дека има пертусис и е продолжено со терапијата и постапено по сите препораки на Институтот за јавно здравје. Во моментот е во стабилна состојба, подобрено од минатата недела и се надеваме така и ќе остане, вели доц. Д-р Валентина Цвејоска Чолаковска, директор на Клиника за детски болести
Од досегашните регистрирани случаи, 10 се во Скопје и најалармантна е состојбата во општина Аеродром каде има 8 потврдени со голема кашлица.
Епидемиолозите од скопскиот центар за јавно здравје велат дека засега нема нивна поврзаност, но ја следат будно состојбата на терен.
- Во јануари 8 пријави, во февруари 2.
По општини:
Аеродром – 8 случаи
Студеничани – 1 случај
Сарај – 1 случај
За ширењето на опасната заразна болест ќе дискутираат и членовите на Комисијата за заразни болести во среда. Дали ќе има одредени мерки или препораки ќе зависи од сублимирање на податоците.
Педијатрите постојано алармираат дека падот на имунизацијата ги враќа опасните искоренети болници и цехот ќе го платат децата кои не ги примиле задолжителните вакцини. Вакцинацијата со Ди те пер е 84 проценти, а треба над 95 за колективен имунитет.
Пертусис се шири во многу земји во регионот, а во Белград прогласија и епидемија поради големиот број заболени.
Болеста е сериозна, кашлицата може да трае со месеци, а дијагнозата се поставува со ПЦР тест.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар