Македонија
12. January 2026 - 13:14

Во пакет наменет за затвореник во Идризово пронајдени 220 таблети

Вчера (11.01.2026) во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор-Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот при извршен претрес на пакет кој бил наменет за осудено лице А.Н.(39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.