Во понеделник најавено прскање против комарци во Охрид и околината
За претстојниот понеделник, на 30 јуни, најавено е прскање против комарци на територијата на Општина Охрид. Дезинсекцијата што ќе се врши од земја, предвидено е да се спроведува во периодот од 19 часот во понеделникот вечерта до шест часот изутрината наредниот ден.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од селото Подмолје до комплексот„ Св. Наум“, територијата на град Охрид, со теченијата на реките Грашница и Коселска.
Поради најавеното запрашување се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите, а до граѓаните се апелира во посочениот период да го намалат своето движење на посочениот опфат.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Ново на Сител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија