Македонија
26. јуни 2025 - 16:33

Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ

Владата се предомисли. Просечната кошница неместо за 3 члено,  како што претходно најавуваше,  сепак ќе биде за 4 члено семејство. Министерот за економија вели дека по сугестии од експертите  и јавноста  решиле  во месечна потрошувачка  домаќинставата да бројат уште еден член.

Ќе ја објават наскоро - на социо-економскиот совет и ќе биде пореална од онаа која ја пресметува Синдикатот, вели Дурмиши. Ќе содржи производи од неколку маркети, а не само од еден и ќе се зема во предвид просечната цена

-Таа што ја објавуваат синдикатите не е реална и соодветна кошница и бројките не се точни и затоа правиме нова, со реални податоци колку му треба на четиричлено семејство да троши на месец за храна, пијалаци и други потреби, Синдикатите земаат цени само еден од маркет, а кошницата што се подготвува ќе ги земе предвид цените од три до пет маркети и ќе биде земена просечната, изјави Бесар Дурмиши, министер за економија.

За да се спречи секојдневното поскапување на основните производи, веќе подолг период  министерството прави анализи. Одлуката ќе се донесе врз основа на Извештајот од  Пазарна, која ќе го достави крајот на овој месец. Ако се утврди девијантно однесување на маркетите –маржите повторно ќе се вратат во игра. Долгорочното решение против растот на цените Дурмиши го гледа во подддршка на  домашните земјоделски производители.

„Ние увезуваме 70-80 отсто од производите, а имаме капацитети и можности и треба да се фокусираме да ги поддржиме нашите производители и земјоделци и индиректно ќе делуваме за намалување на цените“,Ќе дадеме предлог и маркетите да ги обележуваат производите што се домашни, додаде министерот Дурмиши.

Дурмиши најави новини и во онлајн објавување то на цените на производите од страна на маркетите. Со еден клик ќе се објавува најниската цената на бараниот производ. На тој начин купувачите полесно и побрзо ќе знаат каде им е  најевтино да пазарат.