Во пораст бројот на деца со деформитети
Во пораст е бројот на учениците со разни деформитети и појава на дебелина која води до посериозни здравствени проблеми заради недосток од физичка активност. Современиот начин на живот и технологијата си го направија своето, голем процент на деца своето слободно време наместо надвор со низа активности го поминуваат дома искривени пред своите телефони и компјутери.
Намалената спортска активност ги влошува здравствените проблеми кај учениците.
Потребно е да се работи системски, да бидат вклучени и родителите и наставниците и сите надлежни за да се интервенира и промени ваквата сoстојба која станува алармантна.
Професорите по спорт едногласни во пораката - децата да се поттикнуваат што повеќе да спортуваат, да возат велосипеди, да пливаат, да спортуваат на отворено за да се спречат деформитетите и да се зајакне менталното здравје.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар