Македонија
21. July 2022 - 16:36

Во Прилеп повторно запален автомобил

Нов случај на палење на автомобил утринава во Прилеп. Околу 2 часот после полноќ непознати сторители запалија возило „марка Пежо 206“ чии сопственици се брачен пар од кои едниот е вработен во администацијата на Општина Прилеп, а другиот лекар во општата болница Прилеп. Вчера пак беше опожарен автомобилот на прилепскиот пратеник Петар Ристески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и автомобилот на неговиот татко. Инаку за 2 недели ова е второ опожарување на автомобил вработен во прилепската локалната самоуправа. Пред 3 недели пак запален беше автомобилот на директорот на прилепски „Комуналец“, Рубин Абрашоски. За еден месец во Прилеп се запалени 5 возила.

Инаку обвинителката Маријана Илиеска денеска телефонски ни изјави дека лицето кое вчера беше лишено од слобода под сомнение дека е сторителот на пожарот на автомобилот на пратеникот Ристески денеска заработило 8 дневен притвор. но не за делото потпалувавањето туку за делото спречување службено лице при вршење на службено дејство, бидејќи кога бил однесен во полициската станица и му бил побаран мобилниот телефон тој го скршил, а телефонот се водел како доказен материјал.

Вчера пак околу 23 часот е лишено од слобода уште едно лице за кое се има сомненија дека можеби има информации со запалувањето на автомобилот на пратеникот Ристески. Лицето моментално е во ПС Прилеп.

За денешниот најнов случај се уште до овој момент нема осомничени лица.

Од вчера пак во Прилеп има зголемено присуство на полициски службеници од Скопје. Од МВР истакнаа дека тоа се должело пред се на големата акцијата за претреси во затворот во Прилеп каде биле одземени ножеви, мобилни телефони и колиичина на пари која осудените не смеат да ја поседудаат законски.

Во текот на денот се очекуваат повеќе информации за овие настани.