Во пристаништето Драч, запленети 107,7 килограми канабис со многу високо ниво на THC, пристигнати од Канада

Албанската полиција во рамки на операцијата „Сидро 2“, во пристаништето Драч заплени 107,7 килограми канабис „Гелато“, со многу високо ниво на THC, чија вредност на нарко пазарот се проценува на околу 1,2 милиони евра.
Дрогата била откриена при детален преглед на контејнер што пристигнал од Канада, во кој имало 2 возила и 1 кампер.
- При претресот на камперот, во модифицирани простори покриени со дрвена облога, пронајдени се скриени 190 пакувања со сомнителна наркотична дрога канабис сатива „Џелато“, со вкупна тежина од 107,7 кг“. Исто така, при претресот, како материјален доказ беа запленети 43 електронски цигари, од кои некои имаа натписи со кои се декларира висока содржина на THC, соопшти полицијата.
Според истражните дејствија наркотиците се набавени во Канада и транспортирани во Албанија, но не е позната крајната дестинација.
Две лица се осомничени за кривично дело „Трговија со дрога“, за кои, од причини на истрагата, генералиите не се откриваат.
Операцијата ја спровеле Секторот за истраги за наркотици при Полициската управа Драч, под раководство на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност од истиот град, во соработка со Локалната дирекција за граници и миграција и царинските структури на Пристаништето Драч.
МИА
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
