Во првиот месец од примената на „Безбеден град“ до Основниот кривичен суд Скопје поднесени вкупно 476 приговори

Во текот на првиот месец од примената на системот „Безбеден град“ до Основниот кривичен суд Скопје поднесени се вкупно 476 приговори (барања за поведување прекршочна постапка пред суд), од кои 431 приговор од правни лица и 45 од физички лица, по кои постапуваат 16 судии од одделот за прекршоци при Основниот кривичен суд.
Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека граѓаните и правните лица што не ја прифаќаат одговорноста за сторениот прекршок имаат законско право да поднесат приговор до надлежниот суд.
- Сите поднесени приговори се навремено заведени во судот и во согласност со одредбите од Законот за прекршоците, во утврдениот законски рок од 8 дена, доставени се до Министерството за внатрешни работи за нивно произнесување, што претставува неопходен предуслов за понатамошно постапување. Па поради тоа, до овој момент судот нема донесено правосилна судска одлука по сообраќајните прекршоци евидентиран преку системот „Безбеден град“, а по кои граѓаните или правните лица истакнале приговор - се вели во соопштението од Кривичен.
Со цел запознавање на јавноста за најчесто евидентираните прекршоци, од судот информираат дека најголем дел од приговорите се однесува на прекршоци поврзани со неприспособена брзина, поминување на црвено светло и управување со нерегистрирано возило.
- Како најзначајни предизвици во тековниот период се издвојуваат приговорите поднесени од правни лица - лизинг-компании за возила дадени на користење врз основа на договор за лизинг, како и приговорите од граѓани што претходно ги отуѓиле своите возила, но не биле одјавени во Министерството за внатрешни работи, поради што им биле издадени прекршочни налози - информираат од судот.
Основниот кривичен суд Скопје, ценејќи ги важноста и јавниот интерес за воведувањето на новиот систем за безбедност во сообраќајот, посочува дека ќе продолжи да постапува по сите предмети во законски утврдените рокови и навремено и транспарентно да ја информира јавноста за понатамошниот тек на постапките, но и за сите предизвици и обврски што граѓаните се должни да ги преземат.
МИА
Ново на Сител
-

Ирански медиуми: Махмуд Ахмадинеџад убиен во воздушен напад во Техеран
-

Влада: Македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош амбасадите
-

Бројот на жртви во ракетниот напад во Беит Шемеш се искачи на шест
-

Израел отфрла вина за нападот врз иранското основно училиште за девојчиња
-

Пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка, ќе се реконструира и граничниот премин Деве Баир
-

Лидерот на Хезболах жали за „маченикот“ Хамнеи
-

МВР: Кривични пријави за 10 возачи поради возење без возачка дозвола
-

15-годишник силувал 17-годишно девојче откако претходно се договориле да се сретнат
