Loading Video...
Свет
12. јуни 2022 - 16:33

Во Русија отворен новиот ребрендиран Мекдоналдс

Со сечење црвени ленти и аплауз, во Русија денеска беше отворен новиот ребрендиран Мекдоналдс. Храната останува иста, но под друго руско име - Вкусно и точка.

Новиот сопственик на синџирот ресторани, присуствуваше на церемонијата во некогашниот водечки ресторан на Мекдоналдс во центарот на Москва. Синџирот ќе го задржи внатрешниот изглед на Мекдоналдс, но ќе ги избрише сите референци на неговото поранешно име. Компанијата планира повторно да отвори 200 ресторани во Русија до крајот на јуни и сите 850 до крајот на летото.

Американскиот синџир за брза храна Мекдоналдс во март ги затвори своите ресторани во Русија.