Во Русија веќе постоен лек за лекување хепатитис Б може да се користи и за лекување на ракот

Според раководителот на лабораторијата за генетски технологии за развој на лекови при Универзитетот „Сеченов“, Дмитриј Костјушев, веќе постојната генетска технологија за уредување на човечкиот геном, која може целосно да излекува хепатитис Б, во иднина би можела да се користи и за лекување рак.
Костјушев за ТААС изјави дека технологијата за уредување на геномот има потенцијал целосно да ги излекува пациентите со хепатитис Б за разлика од постојните терапии, кои бараат доживотна употреба на лекови, и ваквиот начин е наречен биокамуфлажа бидејќи лекот не содржи вирусни или бактериски компоненти поради што имунолошкиот систем не го препознава како закана.
– Користејќи технологија за уредување гени, позната како ЦРИСПР/Цас9 (CRISPR/Cas9), руски научници развиле лек за лекување хепатитис Б – соопшти Универзитетот „Сеченов“.
– Развивме нов невирусен систем за испорака заснован на биоразградливи наночестички. Првпат научивме како да ги пакуваме CRISPR/Cas-комплексите со ефикасност од речиси 80 проценти б- изјави Костјушев за „РИА новости“. Тој додаде дека една наночестичка содржи од 200 до 250 копии од антивирусните комплекси, што е доволно за да се отстранат сите копии од вирусниот геном во заразената клетка. Ја модифицираме површината на наночестичките, така што комплексите се испорачуваат исклучиво до клетките подложни на вирусот, а нашите истражувања покажуваат дека наночестичките навистина навлегуваат во 90 до 95 проценти од заразените клетки.
Според него, по 20-24 часа во црниот дроб не остануваат траги од лекот. Костјушев посочи дека ЦРИСПР/Цас (CRISPR/Cas) комплексите може да се реконфигурираат и за други задачи, како што се уредување гени и епигеном, како и промена на нуклеотидната секвенција на ДНК или РНК.
– Нашите системи за испорака се универзални – секој „товар“, било да станува збор за антитуморски молекули или системи за уредување гени, може да стигне до целниот орган. Тоа може да се користи за корекција на мутации, уништување тумори или сузбивање инфекции. Опсегот на примена е огромен и зависи од конкретната задача – заклучи Костјушев.
МИА
Ново на Сител
-

РКЕ: Завршува грејната сезона
-

Мицкоски: Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета, цените ќе останат исти или ќе бидат намалени
-

Утре променливо облачно време со дожд, стабилизација за викендот
-

Мицкоски: Зголемувањето на цените на производите во малопродажните објекти е околу 0,4 проценти, цената на лебот не е зголемена
-

ФТ: Иран наводно користел кинески сателит за надзор на американските воени бази
-

„Support Kocani“ обезбеди медицински креми за настраданите во пожарот во „Пулс“ во вредност од над еден милион денари
-

Мицкоски: Важна инвестиција, нов почеток - 100 нови возила за Пошта
-

АВМУ за изјавата на Филипче: Aпсолутно е недозволиво носител на јавна функција да користи дискредитирачка реторика
