Во руски напад со дронови врз автобус во Украина загинаа девет лица, четворица повредени
Во руски напад со дрон врз автобус во Сумскиот регион загинаа девет лица, а четворица се ранети, соопштија утринава украинските власти, во инцидент што се случи неколку часа откако Москва и Киев ги одржаа своите први директни мировни преговори во последните три години.
„Ова не е само уште едно гранатирање, ова е цинично воено злосторство“, напиша украинската национална полиција во објава на Телеграм.
Руските медиуми, повикувајќи се на соопштение од Министерството за одбрана,наведоа дека руските сили со беспилотни летала нападнале подрачје за собирање украинска воена опрема во Сумискиот регион.
Игор Ткаченко, шеф на воената администрација на Суми, на Телеграм изјави дека е во тек спасувачка операција.
Состанокот меѓу руските и украинските претставници во Турција вчера не донесе привремен прекин на огнот. Тоа беше првиот директен дијалог меѓу двете страни од оној во првите месеци од војната што Русија го започна во февруари 2022 година.
Украинската полиција објави фотографии од речиси уништеното темно сино патничко возило, со откорнат покрив и скршени прозорци.
Ројтерс не можеше независно да го потврди украинскиот извештај.
Двете страни негираат дека нападите се насочени кон цивили, иако илјадници веќе загинаа во конфликтот, од кои огромното мнозинство се Украинци.
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани