Во САД падна првиот „Пауербол џекпот“ за годинава, добивката е 842 милиони долари

Во Мичиген (САД) е освоен првиот „Пауербол џекпот“ во новата година. Првичната добивка е 842 милиони долари, а проценетата готовинска вредност е 425,2 милиони долари, според лотаријата.
Вчерашниот џекпот е петти најголем во историјата на „Пауербол“ и 10-ти најголем џекпот воопшто на која било лотарија на САД. Добитничките броеви извлечени вчера, на првиот ден од годинава, се: 12, 21, 42, 44, 49. Освен тоа, лозови купени во Калифорнија, Конектикат, Флорида и Мериленд беа наградени со по милион долари.
Можноста за освојување на џекпот е еден спрема 292,2 милиони, според Здружението на државните лотарии во САД.
Лозовите за „Пауербол“ чинат по два долари. Најголемата награда на играта досега изнесува 2,04 милијарди долари – освоена на 7 ноември 2022 година.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
