Во септември произведени 391.740, а потрошени 373.518 мегават часови електрична енергија

Во септември годинава во земјава вкупно се потрошени 373.518 мегават часови електрична енергија, 19,406 милиони нормални кубни метри природен гас, 368.114 тони јаглен и 95.577 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 100 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,9 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
- Во септември 2025 година е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено, односно вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесува 391.740 мегават часови, што претставува 4,9 отсто повеќе од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Во септември 2025 година во однос на септември 2024 година потрошувачката на природен гас е намалена за 15,5 отсто, како резултат на намалената активност на когенеративните постројки, додека потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 13,2 отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на техничката влада на пленарна седница, СДСМ се закани со напуштање на работни групи
