Loading Video...
Свет
23. April 2026 - 12:31

Преглед на вестите од светот

При руски воздушни напади рано утрово предизвика серија пожари во станбен блок во југоисточниот украински град Днепар. Повредени се седум лица, меѓу кои и две деца, изјави регионалниот гувернер. Пет од повредените лица се префрлени на лекување, а децата се на возраст од 9 и 14 години.

Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина, со цел да се стави крај на продолжениот руско-украински конфликт, во моментов се во застој, изјави шефот на руското воено разузнавање Игор Костјуков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски посочи дека е отворен за прекин на огнот со Русија, но рече дека не предвидува напредок во преговорите сè додека конфликтот во Иран не се „затвори“ или не се постигне фундаментален прекин на огнот меѓу САД, Израел и Иран.

„Ова, да бидам искрен, не зависи од нас. Ние сме подготвени за кој било формат во кое било време. Во принцип, вие и јас ги знаеме приоритетните земји, тоа се оние каде што состаноците веќе се одржани. Турција е подготвена. Блискиот Исток, сè додека има прекин на огнот, мислам дека е безбеден за сите.“

Во 2026 година, делегациите од Русија, САД и Украина одржаа три рунди мировни преговори, при што првите две во Абу Даби и последната во Женева.

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да види „унифициран“ одговор од раководството на Иран на предлозите на САД за прекин на непријателствата, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

„Знам дека имаше некои анонимни извештаи дека можеби имало рок од 3 до 5 дена. Тоа не е вистина. Претседателот самиот не поставил рок. На крајот, тој ќе го диктира распоредот.“

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, изјави дека целосниот прекин на огнот со САД и Израел го истакна ставот на Иран преку објава на мрежата Х

„Целосен прекин на огнот има смисла само ако не се прекрши преку поморска блокада и земање заложници на глобалната економија, и ако се запре ционистичкото воено поттикнување на сите фронтови; повторното отворање на Ормутскиот теснец не е можно поради очигледното кршење на прекинот на огнот. Тие не ги постигнаа своите цели преку воена агресија и нема да ги постигнат ниту преку малтретирање. Единствениот пат е да се прифатат правата на народот на Иран.“, напиша Галибаф.