Во Скопје 322 сообраќајни прекршоци, 96 за брзо возење
Вкупно 322 мерки, меѓу кои 96 за возење повеќе од дозволената брзина се изречени во вчерашната контрола во областа на сообраќајот на територија на град Скопје што ја спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје.
Како што информираат од МВР, девет мерки се изречени за возење без возачка дозвола, 29 за прекршоци што ги прават пешаците, а 28 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за некористење сигурносен појас,...
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
