Во Собранието Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето

Во Собранието ќе заседава Комисијата за одбрана и безбедност на која ќе се одржи Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето.
Со Предлог-законот за оружјето се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и пренесување преку државна граница на оружје, негови делови, главни делови и муниција.
Со донесување на Законот се очекува унапредување на постојните законски решенија, надминување на практичните проблеми со кои се соочува Министерството за внатрешни работи како надлежен орган, а покрај наведеното ќе се овозможи и усогласување на Законот за оружјето со:- Директивата (ЕУ) 2021/555 на Европскиот парламент и на Советот од 24 март 2021 година за контрола на набавувањето и поседувањето оружје (кодифициран текст);- Директива за спроведување (ЕУ) бр.2019/69 на Комисијата од 16 јануари 2019 година за утврдување технички спецификации на оружје за предупредување и сигнализација во согласност со Директивата 91/477/ЕЕЗ на Советот за контрола на набавување и поседување оружје;- Регулатива (ЕУ) бр. 258/2012 на Европскиот парламент и на Советот од 14 март 2012 година за спроведување на член 10 од Протоколот на Обединетите нации против незаконско производство и трговија со огнено оружје, негови делови и компоненти и муниција, со кој се надополнува Конвенцијата на Обединетите нации против транснационалниот организиран криминал („Протокол на ОН за огнено оружје“) и за утврдување на дозвола за извоз и мерки за увоз и транзит на огнено оружје, негови делови и компоненти и муниција и- Регулатива за спроведување на Комисијата (ЕУ) 2015/2403 од 15 декември 2015 година за утврдување на заеднички насоки за стандардите и техниките за деактивирање за да се осигури дека деактивираното огнено оружје станало неповратно неупотребливо и Регулатива за спроведување на Комисијата (ЕУ) 2018/337 од 5 март 2018 година за изменување и дополнување на Регулативата за спроведување (ЕУ) 2015/2403.
Како што информираат од собраниската прес-служба, на јавната расправа се поканети претставници од различни институции, организации и експерти од областа на одбраната и безбедноста да учествуваат на седницата и да дадат свои мислења и ставови во врска со темата на јавната расправа.
МИА
Ново на Сител
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
-

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата
-

Сообраќајна контрола во Скопје: Осум возачи затекнати под дејство на алкохол
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
-

Изминатата вечер приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит
