Во Струмица Бадникови поворки и Божиќен детски концерт
Веста за Христовото раѓање најмладите од Струмица ја најавија со голем концерт на плоштадот Гоце Делчев и изведба на божиќни песни каланди. По тој повод беше формиран и детски хор со учениците од школото за веронаука кое егзистира во рамки на епархијата. За викарниот епископ Стобиски, владиката Јаков овој прв концерт е многу значаен бидејќи со него се создава традиција во автентичен христијански дух.
На концертот му претходеше и празнична литија со децата учесници. Пред да пристигнат на градскиот плоштад тие ја посетија и општината каде беа пречекани од градоначалникот и советниците во општинскиот совет.
Со Божиќниот концерт најмладите од Струмица не упатија само празнична честитка туку ја покажаа и нивната хуманост. Донациите кои беа собрани заедно со средствата од нивните ракотворби што ги продаваа на новогодишниот базар ќе бидат донирани за лекување на двајца млади струмичани.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар