Во Струшко изречени 57 санкции за сообраќајни прекршоци, приведено едно лице, а одземено е и едно возило

Во акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Струга, вчера биле изречени 57 санкции, од слобода било лишено едно лице, а одезмено е и едно возило, информираат од МВР.
Од вкупниот број санкации четири биле за измината важност на сообраќајната дозвола, една мерка за управување на моторно возило со несоодветна категорија, три мерки за неизвршен вонреден технички преглед на возила кои вршат јавен превоз на патници, една мерка за возач кој врши јавен превоз на патници без лекарско уверение, седум мерки за товарни моторни возила во однос на претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, пет мерки за непоседување на задолжителна опрема во возило, две мерки за користење на мобилен телефон, две мерки за неисправни светлосно сигнални уреди и 21 мерка за останати прекршоци.
Поднесени се и 11 барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.
Едно лице било лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно без возачка дозвола и одземено е едно возило поради изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.
За сите сторители на сообраќајни прекршоци изготвени се соодветни поднесоци.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
МИА
Ново на Сител
-

Одземен пасош, забрана за работа и приближување за професорот пријавен за сексуално вознемирување
-

Иран нападна цели во Ирак, Бахреин, Оман и Израел
-

Николоски во Вашингтон: Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста
-

Речиси два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении
-

Успешно евакуирана третата група македонски државјани од Блискиот Исток
-

Буџетот на Град Скопје на дневен ред на денешната седница на Советот
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Почнува реконструкција на спортската сала во кампусот на УКИМ во Скопје
