Македонија
15. March 2022 - 16:34

Во тек е евакуацијата на неколку Македонци од Украина, државата ги утврдува капацитетите за прием на бегалци

Евакуација од Украина бараат уште 8 граѓани, наши државјани и нивни роднини. Од МНР успеале да организираат безбеден коридор за околу 80 наши државјани и да ги донесат во земјава. Во Украина остануваат македонци кои одлучиле да не се евакуираат. 

Државата не очекува голем наплив на бегалци но не се исклучува можноста Владата да креира импровизирани капацитети за згрижување доколку биде потребно. 

На денешната седница на Влада, Османи ќе ги презентира вкупните капацитети со кои до сега располагаат инситуциите. Пред извесно време амбасадата на Украина упати јавен повик до граѓаните кои сакаат да понудат сместување за украински државјани кои ќе дојдат во Македонија. 

Според инфомации на Сител, од таму веќе ги контактираат пријавените, и дел од пристигнатите Украинци се веќе сместени. Смештај може да се понуди преку амбасадата односно посебен веб портал и преку здржението на украинци во земјава.

Од 24 февруари до 11 март, според податоците на МВР, на граничните премини  евидентиран е влез на 1146 украински државјани. Од нив останале 387 украинци, останатите ја напуштиле државата, велат од МВР.