Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички
Просечните концентрации на ПМ честички во Трубарево се во рамките на дозволените граници, покажува најновиот Извештајот од индикативни мерења на квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Мерењата на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀) на мерното место во зоната на Трубарево, како што информираат од МЖСПП, се спроведени од вчера од 11:00 часот до денеска во истото време.
Од МЖСПП информираат дека мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, нефлометар кој овозможува следење на концентрациите на честички во реално време, со селекција на фракцијата PM₁₀. За мониторинг бил користен инструмент ES-642, METONE, USA, сертифициран за индикативни мерења согласно MCERTS, UK.
Според резултати од последните мерења просечната концентрација на честичките изнесувала 9.8 микрограми на кубен метар, максималната измерена вредност изнесувала 43.3 микрограми на кубен метар, а моменталната на крајот од периодот – 8.2 микрограми на кубен метар.
-Концентрациите се движат во рамките на 24-часовната гранична вредност за заштита на здравјето на луѓето, согласно Уредбата за гранични вредности за загадувачки супстанции во амбиентниот воздух („Службен весник на РМ“, бр. 183/17), велат од Министерството и додаваат дека ќе продолжат со редовно следење на квалитетот на воздухот и навремено информирање на јавноста.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп навестува одземање на лиценците за телевизиските мрежи кои известуваат негативно за него
-
Демократски сенатори поднесоа резолуција за признавање на палестинска држава
-
Во Србија од почетокот на 2026 година ќе биде првата генерација која ќе служи задолжителен воен рок
-
Ведро и посвежо утро, сончево во текот на денот
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички