Во украинската корупциска афера вмешан и соработник на Зеленски

Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) соопшти дека се приведени пет осомничени и идентификувала уште двајца поврзани со заговорот за контрола на јавните набавки во државните претпријатија, особено нуклеарната агенција Енергоатом.
Во големата корупциска шема во енергетскиот сектор, според НАБУ, испрани се речиси 100 милиони долари.
НАБУ Во соопштението на НАБУ не се именувани ниту еден од обвинетите учесници во шемата.
Но, според неименувани извори, главен организатор е Тимур Миндич, поранешен деловен партнер на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Миндич е ко-сопственик на Студио Квартал 95, каде што Зеленски ја изгради својата кариера како комичар пред да победи на претседателските избори во 2019 година.
Другите лица под истрага се поранешен советник на министерот за енергетика, раководителот на одделот за безбедност во Енергоатом и четворица „административни“ вработени.
Украинското Министерство за правда денеска соопшти дека раководителот на одделот, Герман Галушченко, кој претходно беше министер за енергетика, е под истрага.
Истрагата на НАБУ траеше 15 месеци, при што се извршени 70 претреси низ целата земја.
Според истрагата, деловни партнери на Енергоатом биле принудени да плаќаат мито од 10 до 15 проценти за да избегнат блокирање на плаќањата или губење на статусот на добавувачи. Се наведува и дека „стратегиски претпријатија со годишен приход од над 200 милијарди гривни (околу 4,8 милијарди долари) биле контролирани од лица без официјални овластувања“.
МИА
Ново на Сител
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
