Во Врање е уапсен Саит Саитов кој смртно прегази жена во Капиштец

Приведено е лицето кое ја прегази и ја усмрти 75 годишната жена Љ.Ј. на улицата Народен фронт во скопски Центар. Лицето е приведено во Врање, Србија, пренесува Скопје1.
Осумнаесет годишното лице, кое со возило тешко ја повредил жената, избегал од местото на несреќата, оставајќи ја беспомошна на коловозот, заедно со неговиот татко било пренесено преку граница од роднини.
„Лицето ќе биде екстрадирано од Србија во Македонија.Најверојатно е приведен и неговиот татко”, вели Давидовиќ кој е бранител на роднините кои ги пренеле таткото и синот преку граница.
„Им верувам на моите клиенти дека не знаеле дека превезуваат сторител на такво тешко кривично дело. Мажот работи во Дирекција за заштита и спасување и е родител на дете со посебни потреби и за набавка на суплементи често патувал во Србија”, изјави адвокатот Давидовиќ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
