Водата била исправана и немало зголемено ниво на токсини во воздухот – Завршија
Топлите училници и вироза кај дел од децата се можната причина 40-тина деца од ОУ 11 октомври во средата да се пожалат на стомачни проблеми и главоболка. Резултатите од анализите покажуваат дека водата во училиштето и бактериолошки и хемиски е исправна за пиење. Во воздухот најдено е само минимално количество на штетни материи кои не може предизвикаат труење, а лошата миризба која се чувствувала во училиштето била поради старата канализациона мрежа, тврдат надлежните од министерството за здравство.
Водата во училиштето паралелно е испитана и во лабораторијата на Водовод. И тие наоди покажуваат дека е безбедна за пиење.
-Водата во ООУ „11 Октомври“ во општина Центар е хемиски и бактериолошки исправна за пиење. Ова го покажуваат резултатите од испитувањето на шест мостри од водата од шест различни места во училиштето, кои се испитани и во Центарот за санитарна контрола и надзор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, изјави Благоја Филиповски, портпарол на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
Од 110 ученици кои во четвртокот не дошле на настава епидемиолозите имаат пријава само за 4 деца со симптоми на труење. Три биле на Инфективна, а едно е евидентирало од матичниот лекар. Сите се во добра здравтвена состојба.
Од министерството за здравство најавија дека и во наредните 2-3 недели постојано ќе ја следат состојбата. Вчера од превентивни причини во “11 октомври” немаше настава. Дали во понеделник децата ќе се вратат во училишните клупи треба да се произнесат од министерството за образование и општина Центар кои ја донесоа одлуката училиштето да биде затворено.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
